НовостиХороскоп

Викенд хороскоп 3–5 мај: Пари, страсти и драматични пресврти – некои блескаат, други ќе заплачат

Некои знаци ќе го почувствуваат овој финансиски благослов, а други ги чека – вистински емоционален тест.

Advertisement

Астролошките аспекти за овој викенд носат интензивна енергија. Венера се спојува со Нептун во Овен на 2 мај, отворајќи ги срцата кон идеализирана љубов, но и создавајќи илузии.

На 4 мај, Плутон започнува ретрограден од во Водолија, што ќе не натера да се соочиме со потиснати емоции и неочекувани трансформации.

Advertisement

На 5 мај, Меркур во Овен прави секстил со Јупитер во Близнаци, што е совршен аспект за добивки, комуникација и ширење на можности.

Некои знаци ќе го почувствуваат овој финансиски благослов, а други ги чека – вистински емоционален тест.

Овен – добивка од ништо

Вашата енергија конечно се исплатува. Планетите ве поддржуваат на финансиски план, особено ако сте подготвени да ризикувате. Неочекуван прилив на пари може да дојде преку работа, но и преку личен проект или некој контакт што одамна сте го запоставиле. Љубовта е флуидна – нема стабилност, но има возбуда.

Advertisement

Бик – притисок во љубовта

Овој викенд ќе ви биде тежок на емотивен план. Ќе се соочите со прашања што подолго време ги потиснувате во односот со партнерот. Венера и Нептун ќе ве натераат да се запрашате дали реално гледате на вашиот љубовен живот. Финансиски сте стабилни, но емотивниот товар ќе ве исцрпи.

Близнаци – среќа на сите страни

Меркур и Јупитер ви носат блесок – и финансиски и ментално. Ќе добиете информација, понуда или шанса која ве води кон стабилна добивка. Разговорите ќе ви одат од рака, а можно е и патување. Љубовта е ведра и без драмa.

Рак – емоции без контрола

Најемотивниот знак ќе биде на граница. Можна е конфузија во љубовта, мешање на трета личност или емоционално повлекување. Се чувствувате ранливо и недоразбрано. Плутон ретрограден ви ја отвора внатрешната болка. Пари ќе има, но не се приоритет.

Лав – нова романса, стара слава

Флерт, возбуда и самодоверба – тоа ви го носи овој викенд. Можно е ново познанство кое целосно ќе ве обземе. Парите се стабилни, но внимателно со трошењето на имиџ. Ќе бидете во центарот на вниманието, особено ако работите нешто јавно.

Девица – практични добивки

Финансиска стабилност и добри вести поврзани со работа или проект. Ќе добиете признание, а можеби и бонус или подарок. Љубовта е стабилна, но недоволно возбудлива. Ќе се чувствувате продуктивно и ќе сакате да го искористите секој момент.

Вага – тајни излегуваат на површина

Можно е да откриете нешто во љубовта што ќе ве изненади. Не мора да е скандалозно, но ќе ве натера да преиспитате колку давате, а колку добивате. Финансиски нема големи промени, но избегнувајте да позајмувате. Потребна ви е рамнотежа.

Шкорпија – длабока промена

Плутон ретрограден ќе ве врати кон нешто што не сте го расчистиле – емоционална врска, тајна или страв. Можен е длабок разговор кој ќе промени сè. Пари нема премногу, но ви доаѓа важна лекција за доверба и контрола.

Стрелец – време за освојување

Ќе бидете маестрални во комуникацијата. Ако работите нешто поврзано со јавност, образование или продажба – ќе блеснете. Пари може да стигнат од договор, надворешен пазар или дополнителна работа. Во љубовта – авантура на повидок.

Јарец – финансиски колапс

Проблеми поврзани со долгови, лоши инвестиции или неплатени обврски ќе излезат на површина. Време е за финансиско чистење. Емотивно сте резервирани, но Плутон ќе ве натера да се отворите – макар пред самите себе. Не трупајте.

Водолија – немир однатре

Променливи емоции, нестабилни односи и потреба за простор. Ќе сакате да избегате од сè што ве ограничува. Плутон ретрограден во вашиот знак ве предизвикува на длабока самоанализа. Пари доаѓаат преку креативна работа или нов партнер.

Риби – сензитивен удар

Венера и Нептун ви носат силна емоционална енергија – но нема сè ќе биде убаво. Можно е разочарување, идеализирање на некој кој не е тоа што мислите. Финансиски не е лошо, но ќе бидете расеани. Чувајте се од импулсивни потези.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button