NEWSВестиЦрна хроника

(Видео) Со џип прегазена жена на пешачки премин кај „Јосип Броз Тито“, возачот избегал кон Водно

Advertisement

Возачот кој вчера прегази жена на пешачки премин во центарот на Скопје и побегна е уапсен на локалниот пат за Средно Водно. Жената е тешко повредена.

– На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од полицијата.

Advertisement

Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А., додаваат од полицијата.

Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Видеото од несреќата може да го погледнете ТУКА

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button