(Видео) Откако ја симнаа Цеца од сцена, се играше оро во Велес на “Заветна”

Светлана Цеца Ражнатовиќ имаше инцидент со знамето на соседна Бугарија за време на нејзиниот концерт вчера во Велес. Имено, во еден момент таа го крена бугарското знаме и се обвитка во него, што предизвика свиркање од публиката со оглед на непријателските изјави кои ги добиваме за идентитетот од соседите.
Откако ја симнаа Цеца од сцена, се играше оро во Велес на “Заветна”.
Потегот кој многумина го оценија како скандалозен наиде на бура од реакции од присутните кои со свирежи и довикувања ја испратија од бината во спортскиот центар „Гемиџии“
Откако нејзините колеги на сцената и посочија, меѓу кои имаше и македонски пејачи, таа го отстрани знамето, но дел од публиката веќе започна да ја напушта салата. Ражнатовиќ потоа се обиде да го продолжи концертот, велејќи дека мислела дека има љубов меѓу сите.




