LIFESTYLEВиралноКултура[тор]Опа!

(Видео) Момче му плати сметка на пензионер на каса: Тие солзи не се за пред камера

Advertisement

Креаторот на содржини Бранимир Рамљак (@branefc) објави видео на своите профили на социјалните мрежи на кое ја плаќа сметката на пензионерите на касата на продавница во Загреб.

„Од купување за роденден, зимски потреби и потребштини – до баби кои живеат сами… Гледањето на нивните емоции и благодарност е чувство кое не може да се опише со зборови. Некои дури и плачеа, а тие солзи не се за камера, нека останат со мене. Срце полно, продолжуваме…“, напиша тој покрај видеото, кое ги прикажува изненадените, но пресреќни хрватски пензионери откако сфатиле дека им ја платил сметката.

Advertisement

Тој собра десетици илјади лајкови на социјалните мрежи и многу комплименти во коментарите. Видеото е дел од неговата серија за Vlogmas of Good Deeds.

„Беше доста деликатно за мене, снимав малку со грч, а малку со насмевка на лицето… Не сакате никого да деградирате или да го спуштите на ниво на иницирање дека им е потребна помош, па затоа бевме многу внимателни. Избрав постари луѓе, знам колку им значи тоа, некои од тие сметки беа преголеми, но немав проблем кога видов колку им значи, душата ми беше полна“, вели Бранимир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button