NEWSВести

(Видео) И по акцијата за чистење, Скопје е повторно со шут и отпад

Advertisement

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, направи кратка обиколка низ центарот на Скопје за да ја прикаже вистинската слика на градот по повеќедневното чистење и санација на јавните површини.

Во својата репортажа, Видиновски најпрво се заблагодари на сите работници од јавното комунално претпријатие кои, како што рече, „со голема пожртвуваност и љубов кон градот“ ги собираат и отстрануваат огромните количини отпад што со години се наталожувале по улиците и парковите.

Advertisement

„Им се заблагодарувам од името на сите граѓани – овие луѓе заслужуваат почит. Се надевам дека со иста енергија и посветеност ќе продолжат и понатаму,“ изјави Видиновски.

Но, при обиколката низ централните градски улици и околу неколку познати споменици и обележја, тој наиде на слики кои, како што рече, се „трагични и срамотни“ – ѓубре, шут, па дури и човечки измет околу културни и историски значајни места.

„Не може вака да изгледа еден главен град. Ова не е само прашање на хигиена, туку на култура и самопочит,“ потенцираше Видиновски во репортажата.

Репортажата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде многумина ја поздравија иницијативата на новинарот, но и изразија револт поради состојбата во која се наоѓа центарот на Скопје.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по 72-часовната акција за чистење на градот, истакна дека е целосно „посветен на воведувањето ред“ и најави дека ќе се изрекуваат санкции за да се справи со девијантните појави.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button