Фитнес

Вежбаме дома: 5 најдобри видеа за вежбање со кои ќе постигнете одлични резултати

Advertisement

Сите што сакаат да вежбаат во удобноста на својот дом треба да се потрудат да ги изберат најдобрите вежби во однос на целите што сакаат да ги постигнат.

Advertisement

На интернет можат да се најдат мал милион вежби така што понекогаш претставува вистински предизвик да се изберат вистинските. Овде ви претставуваме 5 идеални сетови за кардио тренинг со кои ќе го обликувате вашето тело и ќе ги дефинирате мускулите за само 7 дена!

Овие вежби се разликуваат по другите затоа што се изведуваат за многу кратко време, а гарантираат максимални резултати. Можеби се сомневате дека само 7 минути дневно можат да направат некоја сериозна промена, но науката потврди дека тренинг за целото тело со висок интензитет во траење од само 7 минути може да ви помогне да постигнете врвни резултати, како што наведува Американскиот колеџ за спортска медицина.

Се што ви е потребно за овој тренинг се стол, ѕид, 7 минути време и упорност и истрајност!

Advertisement

Класичен тренинг
Ако сакате само да се раздвижите и да го затегнете телото овој тренинг е вистинскиот избор за вас!

Базен тренинг
Главниот фокус е на издржливоста, а ги опфаќа сите делови од телото.

Енергичен тренинг
Најдобар за раздвижување и зголемување на енергијата – кога еднаш ќе се раздвижите нема да можете да престанете!

Тренинг со свртувања
Овој тренинг е понапорен и бара претходно искуство.

Тренинг со чекори за танц
Одличен избор доколку сакате да ослабите и да го обликувате телото.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button