Иако некои можеби ги сметаат за чудни личности, сепак, на сите им е симпатичен начинот на кој Водолиите ја изразуваат својата искреност.
Тие нема да имаат проблем да ви кажат дека имате некој килограм плус, дека облеката не ви стои добро или дека сте погрешиле во нешто.
Водолиите се отворени, сакаат забава и дружење. Тие секогаш сте подготвени да помогнат, премногу се интелигентни, но честопати не ја користат својата интелигенција, затоа што по малку се мрзливи. Не сакаат ограничувања и подготвени се отворено да кажат: „Јас имам свој живот, не обидувај се да се мешаш во него!“ Тие исто така не поднесуваат досада, не сакаат да седат на едно место, а нивната љубопитност никогаш не им дава мир. Водолиите се големи филозофи, па секогаш сакаат да го имаат главниот збор, но подготвени се да го слушнат и туѓото мислење.
Тие сакаат да бидат независни, да имаат слобода, па честопати не се снаоѓаат во тимската работа. Водолиите немаат предрасуди кон другите, а речиси никогаш не обрнуваат внимание на малите неважни работи. За нив велат дека се големи сонувачи и дека главата им е во облаците. Често знаат „да се исклучат“, како да не се присутни, а тоа е токму затоа што сакаат да фантазираат.
Доколку во својата околина имате некоја Водолија, сигурно имате забележано дека тие се особено мирни и срамежливи, но и енергични и самоуверени. Никако не можат да поднесат моменти кога се посрамотени пред другите.
Кога е во прашање љубовта, тие најчесто се заљубуваат во нечија интелигенција, а досадни луѓе никогаш нема да допрат до нивното срце. Често оставаат впечаток како да сакаат да бидат осамени, но во суштина тие бараат сродна душа со која ќе може да разговараат на различни теми доцна во ноќта.