Вежбата на доктор Фукуцуџи за рамен стомак, топење на сало и отстранување на болки во ‘рбетот стана хит во светот – изгледа будалесто, но резултатите се неверојатни!
Јапонската метода на д-р Фукуцуџи го освојува светот со својата едноставност.

Нова јапонска техника, позната како вежба со пешкир, развиена од д-р Токуши Фукуцуџи, ветува подобрување на држењето на телото, намалување на болките во грбот, затегнување на стомакот и истенчување на струкот, а сето тоа за само 5 минути дневно!
Потребен ви е само обичен пешкир и малку простор за да ја испробате оваа метода што стана вирална сензација.
Advertisement
Како делува вежбата со пешкир?
Оваа едноставна техника, создадена во Јапонија, не бара напорни вежби, диети или посебна опрема. Со само неколку минути дневно, таа нуди:
Подобрување на држењето на телото
Намалување на напнатоста во грбот
Затегнување на стомачните и грбните мускули
Чувство на леснотија и релаксација.
Без потење, без строги диетни режими – само вие, пешкирот и за само 5 минути!
Како се изведува вежбата?
Земете обичен пешкир и цврсто завиткајте го во ролна. Поставете го под долниот дел од грбот, во висина на папокот.
Легнете на рамна површина, испружете ги нозете и спојте ги прстите на нозете.
Рацете испружете ги над глава, со дланките свртени надолу, така што малите прсти речиси се допираат.
Останете во оваа положба 5 минути, дишејќи бавно и длабоко.
На почетокот може да почувствувате блага непријатност, што е знак дека телото се прилагодува на новата положба.
Со редовно практикување, ‘рбетот се исправува, доколку имате болки – исчезнуваат, а мускулите се опуштаат.
Погледнете го оригиналното видео за детални инструкции, кое беше објавено дури пред 5 години, а денес е претатвувано од бројни инфлуенсерки ширум светот.
Зошто оваа вежба е толку посебна?
За разлика од напорните тренинзи во теретана, вежбата со пешкир ги активира стомачните мускули и мускулите на грбот, ја враќа природната рамнотежа на телото, го затегнува стомакот, го истечнува струкот и ги ублажува болките во грбот.
Д-р Фукуцуџи тврди дека по неколку недели редовна пракса, ќе забележите видливи промени во држењето и чувство на леснотија, иако методата не е наменета за брзо слабеење.
Дали навистина функционира?
Вежбата предизвика поделени мислења: за некои е исклучително ефикасна за обликување на телото, додека други ја ценат како пријатен ритуал за истегнување.
Вистината е некаде помеѓу – не е замена за здрава исхрана и физичка активност, но е одличен почеток за оние што сакаат да се грижат за своето тело на едноставен начин.
Испробајте ја вежбата со пешкир и откријте зошто милиони ширум светот се воодушевени од нејзината едноставност и ефикасност!



