Flybarre: Нова програмата за вежбање која е заслужна за совршениот изглед на Оливија Палермо (видео)
Новата програма за вежбање „Флајбер“ станува се попопуларна насекаде низ светот, а најпознатата модна блогерка е целосно воодушевена од неа!
Познатата трендсетерка чиј изострен вкус за мода ја вивна високо во светот на џет сетот, покрај постојаната грижа за облеката, постојано внимава и на здравата исхрана и вежбањето.
Оливија вели дека тоа е главниот предуслов ако сакате да имате добар изглед, но и за да бидете витални и да имате енергија која ви е потребна за извршување на сите обврски во текот на денот. Иако веќе испробала многу различни фитнес методи, Оливија вели дека дури сега ја пронашла вистинската техника за вежбање која едноставно станала нејзина опсесија и се нарекува „Флајбер“. Самиот назив асоцира на популарните вежби кои се инспирирани од јога-балет движења, и, иако се занова на нив, сепак станува збор за напреден тренинг кој се однесува на движења на телото кои се прават во воздухот.
Познатата модна блогерка вели дека се започнало со предлогот на нејзината пријателка, која знаела дека Оливија вежба бикрам јога, да се запознае со новата програма „Флајбер“. Оливија решила да проба и веќе наредното утро се појавила на тренинг. Сега веќе поминала 30 успешни сеанси и планира да продолжи и понатаму.
Премини на следната страна >>