6. Трчање со топка
Топката ќе додаде дополнителен отпор и ќе ве измести од центарот, па затоа стомачните мускули ќе мора да се ангажираат за да ве движат напред. Менување на позицијата на топката уште повеќе ќе влијае врз работата на стомачните мускули.
Како се прави:
Верзија A:
Држете ја топката со двете раце веднаш пред стомакот, т.е. папокот. Трчајте низ базенот колку што можете брзо, околу една минута.Одморете се 30 секунди, а потоа повторете уште три пати, зголемувајќи ја брзината при секое повторување.
Верзија Б:
Ставете ја топката под десната рака во висина на половината. Без да ја изместите топката, трчајте низ базенот колку што можете побрзо, околу една минута. Преместете ја топката на левата страна и трчајте уште една минута. Повторете четири пати, трчајќи побрзо секој пат.