Шест вежби за во базен за брзо согорување на мастите
5. Предизвик со топка
Оваа, навидум едноставна вежба,ги зајакнува стомачните мускули додека се трудите да се задржите во исправена позиција.Со менување на позицијата на рацете и нозете, оваа вежба, всушност, станува четири во една.
Како се прави:
Верзија A:
Застанете во скок,со десната нога свиткана, а левата испружена наназад. Држете надуена топка,околу 20-тина сантиметри во дијаметар, со двете раце испружени веднаш пред стомакот, надолу. Држете ги рамениците долу и назад. Останете во оваа позиција 30-ина секунди, ангажирајќи ги стомачните мускули да ве држат исправено. Сменета ја позицијата на нозете и задржете се во таа позиција уште 30 секунди.
Верзија Б:
Направете ја целата вежба уште еднаш, но овој пат држете ја топката со рацете испружени-така што топката е веднаш под површината на водата – за да нанесете дополнителен напор врз стомачните мускули.
Премини на следната страна >>