Оваа група на вежби се состои од 7 едноставни вежби кои треба да ги правите секој ден и за кои ќе ви бидат потребни само 7 минути.
Овие вежби се насочени кон внатрешната страна на бедрата, предната и задната ложа, квадрицепсот и задникот. Станува збор за серија од 7 едностани вежби кои ќе ви одземат само 7 минути од вашето време!
Вежбите можат да се прават каде било, по ваша желба, а единствената опрема што ви е потребна се тежини, и евентуално подлога за под на која ќе ги изведувате вежбите. Секоја вежба треба да се повторува 8 – 20 пати, при што бројот на повторувања зависи од тежината која се крева. Ако користите полесни тежини, повторувајте ја секоја вежба 15-20 пати, а ако се одлучите за поголема тежина, доволни се 5 – 10 повторувања.
{youtube}Oz5oKbIiLPI{/youtube}
Треба да направите 2 – 4 серии од вежбите, по претходно соодветно загревање – возење велосипед, скокање јаже или вежби кои се фокусираат на други групи на мускули.