Многумина сметаат дека тенката заводлива половина се должи на генетиката, но сепак до неа можете да дојдете и со редовно вежбање.
Овде ви претставуваме две вежби во чие изведување се вклучени сите стомачни мускули и кои со гаранција ќе ви помогнат да го обликувате стомакот и половината.
Фигурата во облик на песочен часовник се смета за најпосакувана меѓу жените, додека рамниот и убаво обликуван стомак е сон на секоја жена. За жал и покрај напорно вежбање и внимавање на исхраната, посакуваните резултати се постигнуваат многу тешко во овој дел од телото. Најчестата грешка која ја прават скоро сите жени е вежбањето само на горните и долните стомачни мускули, занемарувајќи ги оние кои и даваат тенок и затегнат облик на половината.
Токму поради ова овде ви претставуваме две наједноставни вежби кои ги ангажираат токму овие мускули и даваат неверојатни резултати!