Реклама
Фитнес

Само 6 минути дневно за совршени стомачни мускули

Реклама

Стомакот многу често е проблем и на згодните и (релативно) слаби луѓе. Овие вежби се кратки и интензивни и со самото тоа идеални за сите што немаат многу слободно време за вежбање, а сакаат да изгледаат убаво.

Вежбите можете да ги најдете на YouTube каналот на фитнес тренерот Мајк Чанг кој ќе ви ги покаже тајните за совршени стомачни мускули.

Маркетинг

Одлични се за сите што сакаат брзи видливи резултати. За само 6 минути ќе ги активирате сите стомачни мускули и ќе согорите випок калории. За изведување на вежбите ви се потребни подлога за вежбање, стоперка и тег. Вежбите вклучуваат: стомачни со оптеретување, руска ротација и кревање на крената нога. Потребно е да направите по 4 повторувања, при што секое повторување трае 30 секунди. Се препорачува да го изведете целиот тренинг без одмарање.

{youtube}mQYFr697pYg{/youtube}

Маркетинг

Проучете го убаво видеото и начинот на кој тренерот ги изведува вежбите. Правете ги како што ги покажува тој, со правилно изведување на секое движење.

За оптимални резултати, откако ќе почнете да вежбате треба да внимавате и на исхраната. Не мора да се зафатите со некоја ригорозна диета, доволно ќе биде за почеток да се определите за здрава храна и да го намалите внесот на јаглехидрати и шеќери.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button