Совршено заоблен и подигнат задник која повеќе наликува на некое сочно овошје отколку на дел од телото ви се чини како недостижен сон?
Без разлика дали е мала, плосната, спуштена или преопуштена, постојат вежби кои од вашата позадина ќе направат предмет на обожавање.
Станува збор за вежба која се нарекува „скват“ (squat), односно получучњеви, кои станаа апсолутен хит меѓу девојките од целиот свет. Па така со тек на време се развија клубови и страници за девојки кои ја изведуваат популарната вежба мотивирани од преголемата желба за совршен задник.
Како треба да се прават овие получучњеви
Покрај тоа што целосно делуваат на сите мусклули на задникот, чучњевите бараат многу енергија, па затоа се и добра аеробна вежба. Многу е важно правилно да ги правите за да постигнете максимални резултати, а минимални последици од повреди. Застанете во расчекор во ширина на колковите, а рацете испружете ги рамно пред себе, паралелно со земјата.
Спуштете се во скоро седечка позиција, но притоа внимавајте колената да не ви одат нанапред, односно да не ги преминуваат врвовите на ножните прсти доколку гледате одозгора. Плешките и грбот треба да останат рамни, а кога се спуштате спуштајте ги и рацете. Потпирањето во секој момент треба да ви биде на петите. Полека подигнете се нагоре и откако ќе се исправите цврсто затегнете го задникот. Направете две серии од по десет повторувања што е можно поспоро, а секој ден можете да го зголемувате бројот на повторувања.
Доколку секој ден издвоите по 10 минути време за вежбање на мускулите на задникот, веќе за месец дена ќе забележете резултати во неговата цврстина и изглед, вели фитнес мајсторот и автор на книгата „напредни техники за зајакнување на задникот“ Брет Контрерас.
По некое време додека ги правите чучњевите ќе можете да додадете и тегови, па на тој начин ќе додадете дополнителен отпор.
Oваа вежба можете да ја вежбате секаде …
Доколку сакате предизвици, тогаш можете да пробате да се соочите со таканаречениот „скват предизвик“. Покрај тоа што нема да можете да се нагледате на вашата позадина во огледалото, по 30 дена ќе бидете исполнети со чувство на задоволство. Првиот ден направете 50 чучњеви, а секој нареден пат зголемувајте го бројот за 5. За време на оваа мисија многу е важно и да се одмарате па така секој четврти ден правете пауза.
На крајот, по 30-от ден погледнете го вашиот задник во огледалото и ќе забележите огромна разлика.
Па, дали сме подготвени да направиме цела чаршија да се врти по нас?