Реклама
Фитнес

Пилатес вежби за рамен стомак

Реклама

Сите девојки и жени сонуваат за рамен стомак, витки нозе и обликувани раце, дури и оние кои се на работ на совршената линија.

Сепак, најголемиот дел од припадничките на понежниот пол навистина имаат проблем со долниот дел од стомакот, каде и најзгодните често пати имаат малку вишок.

Маркетинг

Од друга страна, од излозите на продавниците ни се смеат најразлични припиени фустани, кратки маички и тесни фармерки кои радо би ги носеле да го немавме тоа проклето сало на стомакот. За ситуацијата летно време и изборот на костими за капење воопшто да не спомнуваме!

Значи, овој дел од телото бара специфичен третман и постојан ангажман од наша страна, во текот на целата година, а не само пред да одиме на плажа или свадба. Никогаш не е доцна за усвојување на здрави навики и внесување позитивни промени во начинот на живеење. Предлагаме да почнеме уште денес и да го испробате видеото на Кејси Хо од фитнес каналот Блогилатес. Со помош на низа вежби засновани на пилатесот, оваа виртуелна инструкторка гарантира дека за само неколку недели ќе го доведе нашиот стомак во ред. Секако, со редовно вежбање и напорна работа на стомачните мускули.

Маркетинг

{youtube}mMHgxyX_f7U{/youtube}

Како што веќе претпоставувате, кога веќе ќе се зафатите со вежбање, редно е да внесете и промени во вашата исхрана, да јадете повеќе овошје и зеленчук и да пиете многу вода. За брзо време ќе бидете воодушевени од резултатите и ќе можете да облечете ама баш што сакате!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button