Одвојте само 7 минути дневно и ќе добиете затегнат задник кој гордо ќе го прошетате на некоја плажа!
Летото не асоцира на кратки шорцеви, мини здолништа и неизбежните костими за капење, но многу девојки едноставно не брзаат да се расоблечат во топлите летни денови. Најчестите причини се долгото седење пред компјутер и честото посегање по (забранета) храна. Секако, не треба да очајувате, туку треба да се помрднете! Секој почеток е тежок, но ако сте упорни и доследни, вежбите набргу ќе ви станат навика. Посебна мотивација за вежбање ќе ви дадат и првите видливи резултати кои ќе ги забележите за кратко време.
Зуска Лајт веќе 7 години постојано поставува вежби на Youtube кои можат многу брзо да дадат одлични резултати. Нејзината мисија е да ни покаже дека не мора да посетуваме (или поседуваме) теретана или да вежбаме со часови, туку дека можеме да изгледаме одлично и да се чувствуваме одлично само со малку волја и труд и неколку вежби кои ќе ги правиме дома.
Програмата на Зуска вклучува кратки и интензивни вежби кои овозможуваат максимално трошење на калории. На видеото во продолжение можете да видите како да добиете совршена позадина со вежби со кои потполно ќе се изморите и ќе ги обликувате мускулите на глутеусот за само неколку минути.
Во видеото Зуска користи тегови од околу 3 килограми, но ако немате тегови, можете слободно да се послужите со пластични шишиња наполнети со песок.
{youtube}SqsV1lWfHS8{/youtube}