Реклама
Фитнес

Седум едноставни вежби за совршени нозе и цврст задник

Реклама

Оваа серија на вежби која вклучува 7 едноставни вежби за многу кратко време може да ви помогне да ги добиете нозете и задникот што од секогаш сте ги посакувале.

   

Треба да ги правите секој ден, а ќе ви одземат само 7 минути од вашето време!

Маркетинг

Ова е одличен тренинг доколку сакате да ги затегнете нозете и задникот бидејќи се концентрира на колковите, квадрицепсот и задникот. Вклучува 7 едноставни вежби кои треба да ги правите секој ден, а кои ќе ви одземат само 7 минути.

Вежбите не се тешки, можат да се изведуваат каде било, а од дополнителна опрема ќе ви бидат потребни само тежини и евентуално подлога за под.

Маркетинг

{youtube}Oz5oKbIiLPI{/youtube}

Секоја вежба треба да се повторува 8 – 20 пати, бројот на повторувања зависи од тежината која се крева. Ако тежините се полесни се препорачува секоја вежба да се повторува 15 – 20 пати, а ако одите со поголема тежина, доволни се 5 – 10 повторувања. Треба да се направат 2 – 4 сета од вежбите, секако, откако претходно соодветно ќе се загреете! Можете да возите велосипед, да одите, џогирате, прескокнувате јаже, или да правите некои други вежби кои се концентрираат на нејкој друг дел од телото, на пример стомачни, или вежби за раце.

Трик: Ако немате тежини дома не очајувајте! Во секој случај можете да наполните 2 исти пластични шишиња со вода или песок и да ги користите како тежини.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button