Реклама
Фитнес

Хит тренинг: Вежби за целото тело кои го освоија светот!

Реклама

Подгответе ги палките за тапани!

Дали веќе сте слушнале за вежбите наречени „Pound”, или во наш слободен превод „удирање на тапани“? Овој нов тренинг кој ни доаѓа од Лос Анџелес претставува совршен спој на ритам, музика и вежби, а истовремено неверојатно ве исполнува со енергија.

Маркетинг

POUND® е првата кардио џем сесија инспирирана од забавното удирање на тапани кое се претвора во енергичен тренинг за целото тело. За прв пат се појавува во 2011 година и останува пионер во развојот на модерните вежби што претставуваат комбинација на спортски движења и музика. Основоположниците на овој вид на вежбање се две Американки, вљубенички во добриот ритам, Кирстен Потенца и Кристина Пиренбум, на кои употребата на палките за тапани за полесно потење им дојде како логично решение.

Маркетинг

Ripstix® се посебни палки направени од лесен материјал, а поради нивната употреба POUND® претставува забавно удирање на тапани претворено во вежби.

Тренингот има различни нивоа, а самиот по себе претставува спој на кардио вежби, тренинг за издржливост и елементи на јога и пилатес.

{youtube}OJAwDBDQR8U{/youtube}

Во зависност од нивото, интензитетот на тренингот може да биде поголем или помал, а позицијата за удирање на тапани кај многу вежби помага во одржувањето на рамнотежата и стабилноста, при што секое движење има своја функција. Овој тренинг ќе ви овозможи добра забава, ќе ви го засили чувството за ритам, а истовремено ќе ви ги стопи несаканите наслаги. Очекувано, тренингот е подеднакво популарен и кај мажите и кај жените.

Извор: buro247.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button