Актерката, водителка и моделот Хајди Клум е мајка на четири деца и голема инспирација на многу жени ширум кога е изгледот во прашање.
Оваа згодна мама и покрај тоа што има 42 години се уште изгледа беспрекорно и многу подобро од многу помлади жени од неа.
Нејзината линија, особено по толку породувања, секако дека не е резултат само на сјајната генетика туку и на посветеноста кон здравата исхрана и вежбање. Но, таа никогаш не била фан на интензивно и долго вежбање – туку поборник е на методата на редовност. За неа изреките во стилот „од утре сум на диета“ или „нешто денес не ми се вежба“ не постојат и тоа може да се забележи во нејзината линија. Да се усвојат здравите навики и да се определи тајмингот за вежбање е главниот дел од нормалното секојдневие кое е најважно во целата оваа приказна. Дури тогаш на вежбањето навистина ќе можеме да гледаме како нешто што го правиме за себе и за своето здравје (со кое пак, како награда ни доаѓа и одличната фигура на која можат да ни завидуваат!).
Каналот „Theskinnymom“ (згодна мама) препорачува вежби со кои ќе работиме на подобрување на изгледот на оние критични делови на женското тело. Бидејќи Хајди Клум е стандард на фантастичниот изглед и по четири породувања, не е необично што овој сет вежби е посебно креиран во нејзина чест. Се што ви треба се тегови чија тежина ја одредувате самите во зависност од вашата физичка подготвеност. Погледнете го нивниот предлог вежби во следното видео.
{youtube}3R1KZWGXsFg{/youtube}