Реклама
Фитнес

5 вежби со шипка за затегнати нозе и задник што секоја жена треба да знае да ги прави

Реклама

Жените можат слободно да ги вклучат вежбите со шипка во својот редовен тренинг, без да се плашат од нив или вешто да ги избегнуваат. 

Токму овие вежби ќе помогнат да се добие посакуваното тело со затегнати нозе и убаво обликуван и цврст задник. Но, не мора да значи дека едноставниот тренинг е помалку ефикасен. Ако сакате да ги затегнете мускулите и да го обликувате телото доволно ви се само неколку реквизити, како неколку тежини и шипка, кои можете да ги имате и дома. Не морате да ги планирате и организирате посетите на теретаната, и потоа да се чувствувате виновни што не сте ги реализирале. Една шипка е сосема доволна за стимулација на сите мускули и токму затоа се препорачува жените што почесто да ја користат во своите тренинзи.

Маркетинг

За израдбата на мускулите е потребно надворешно оптеретување, така што тежината на шипката заедно со тежините треба да изнесува приближно како вашата телесна тежина. Односно, ако имате 60 килограми треба да имате барем исто толку во тежини за адекватни вежби за развивање на мускулите. Со вистинската комбинација на сложени вежби и вежби насочени кон одредени делови од телото можат да се активираат сите мускули на телото и да се добијат одлични резултати. Постојат многу видови на вежби со шипка и нивни варијации, но сепак има неколку основни вежби кои се едноставно задолжителни за постигнување на саканата форма, а меѓу нив се и следниве пет:

1. Чучањ
2. Веслање во претклон
3. Мртво кревање
4. “Goodmorning”
5. Исчекор

Маркетинг

{youtube}2jBqnOf0e-k{/youtube}

Овие 5 вежби се препорачуваат за жените кои посветено работат на обликувањето на своето и сакаат да имаат затегнати нозе и цврст задник. Сите вежби се изведуваат на класичен начин, со неколку серии од по 5-15 повторувања, или во временски интервали, во форма на кружен тренинг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button