Една од тајните за добриот изглед лежи и во тоа самите да знаете кога ви е доста. Кога се чувствувате сити, тоа значи дека веќе сте изеле повеќе отколку што треба.
Прв чекор кон постигнување на телесна тежина која ќе ве задоволи е погледот врз сопственото тело, а после тоа одговорно однесување со кое ќе ги обирате прехранбените продукти и нивната количина во чинијата.
Една од тајните за добриот изглед лежи и во тоа самите да знаете кога ви е доста. Кога се чувствувате сити, тоа значи дека веќе сте изеле повеќе отколку што треба. Осетот кога да станете од масата со јадење мора да биде организиран и исполнет со енергија, а не тоа да го правите кога ќе почувствувате полн стомак и замор. Вежбајте го тоа и со текот на времето самите ќе научите како да ги разликувате тие две ствари.
Доколку продолжите да јадете и откако во организмот ќе внесете доволно храна и се чувствувате сити, тоа е само навика која ја влечете од детството. Честопати јадеме само затоа што ќе видиме храна пред нас, а на затоа што сме гладни. Исто така и на масата седнуваме од навика, а не затоа што на организмот му е потребна храна.
Започнувајќи од денес, обидете се да го завршите оброкот 5 минути порано отколку вообичаено или кога во чинијата ќе ви остане една четвртина од вообичаената количина која што ја јадете. Направете пауза од десет минути и вратете се на масата. Скоро е 100 % сигурно дека веќе нема да се чувствувате гладни. А веќе во наредната прилика, во чинијата ставете помалку јадење.
Вежби за намалување на апетитот:
1. Најдобар тренинг кој можете да си го зададете самите на себе е правилно и долготрајно жвакање на секој залак. Секој залак треба да го жвакате барем 30 пати.
2. Додека јадете користете мали чинии и садови кои нема да изгледаат празни кога во нив ќе ставете помала количина на храна. Кога ќе го завршите оброкот мозокот на телото ќе му прати порака дека сте сити, а чинијата ќе биде празна. Едноставно.
3. На масата секогаш имате чаша вода и пијте во текот на јадењето. Честопати ја заменуваме жедта за глад и тогаш работите тргнуваат во несакана насока.
4. Јадете полека. Пронајдете време за оброк и добро жвакајте го секој залак.
5. Постепено намалете ги оброците кои ги спремате за вечера. Појадокот нека ви биде најобемниот оброк во текот на денот.
6. Сонот е многу важен во постигањето на идеалната телесна тежина, а тој самиот природно ќе си дојде кога во организмот пред да одите на спиење ќе престанете да внесувате тешка храна.
7. Вежбајте секој ден. Тоа може да биде и прошетка до работното место, или пак со кучето или 20 минути возење на велосипед. Телото ќе ви биде благодарно и ќе се чувствувате.