Можеби размислувате да почнете да шетате, да одите пешки на работа, или можеби да вежбате барем 2 пати неделно, но никако да почнете … Додека се мислите ио премислувате можете да ја испробате оваа едноставна вежба, која можете да ја правите дома и за која ви се потребни само 2 минути!
Бидејќи денес сите се во постојан хаос, брзаат некаде, доцнат, немаат време и сл. наместо да чекате да ви се ослободи некој термин за да го искористите за вежбање, обидете се да вметнете некои едноставн вежби во дневниот распоред, за кои нема да ви биде потребно многу време и организација. Во ваков случај најпожелни се ефикасни вежби кои ќе ги зацврстат критичните точки на вашето тело.
Земајќи го ова во предвид, во последно време стануваат се попопуларни вежбите со повеќе цели, односно вежбите насочени кон раздвижување и обликување на нозете, стомакот и задникот.
Ова е една таква вежба, едноставна и идеална за изведување дури и за време на рекламите додека гледате телевизија.
Значи, почнете редовно да ја правите оваа вежба дома и набргу ќе видите позитивни промени во критичните зони. Потребни ви се само 2 минути, никаков дополнителен реквизит и навистина минимална добра волја.
{youtube}kKAnYz7fPKU{/youtube}
Извор: stil