Ќе ви треба мало шише со вода, патики и може да почнете.
Ако веќе подолго време се обидувате да ги кренете и да ги обликувате мускулите на задникот, но едноставно не успевате или напредокот е бавен, тогаш обидете се со оваа вежба што ги гарантира резултатите.
Како се изведува оваа вежба:
-Застанете исправено без да ги виткате колениците или колковите и нозете држете ги во широчина на рамената. Во рацете ви требаат тегови од три до пет килограми.
-Ставете ја целата ваша тежина на петиците, но не дозволувајте прстите да се поместат од подот. Дозволете колената да се свиткаат, но горниот дел од телото држете го рамен и наведнат кон напред. Затегнете ги стомачните мускули и задржете ги ’рбетот и вратот рамни. Рацете раширете ги така што лопатките на грбот ќе ви се допираат.
– Додека клекнувате не го преминувајте аголот од 90 степени. Рбетот во долната положба мора да биде паралелна со потколениците.
– Вратете се горе така во почетната положба така што притисокот оди прво од петиците и потоа да се шири од колениците и колковите. Враќањето во стоечка положба мора да оди со притисокот од петиците и да се шири на колената и колковите. Замислете како да ги притиската колениците до ѕидот пред вас и притоа ги стискате мускулите на задникот.
Повторувајте ги овие чучњеви во неколку серии од 20 пати. Контролирајте ги движењата додека ја повторувате оваа вежба. Ниту еден дел од телото несмее да биде опуштен. Во тоа е целата магија на оваа вежба. Најважно е целото време да размислувате за секој чекор во вежбата и за секој мускул што мора да биде напнат.