Тага без крај: Ветеринар открива како се однесуваат кучињата пред нивната смрт
Фактот дека нашите домашни миленици кога-тогаш не’ напуштаат, е многу тежок и болен. Луѓето со нив поминуваат дел од својот живот, а уште потажно е тоа што миленичињата своите последни моменти ги поминуваат на непознато место, окружени со непознати луѓе, во страв…
Една корисничка на социјалните мрежи го споделила одговорот од ветеринарот на нејзиното прашње што е најлошо во неговата работа. Тој вели дека најтешко му е кога треба да успие некое животно, затоа што 90% од сопствениците не сакаат да бидат со своето милениче кога му даваат инекција.
Тој вели дека во тие мигови животните панично гледаат околу себе, барајќи ги своите сопственици. Тогаш кучињата го гледаат секое лице во собата и ги бараат своите сакани. Не разбираат зошто ги оставиле болни, уплашени и стари. Тогаш на миленичињата им треба утеха.