Весна Петрушевска емотивна за 21. роденден на ќерката Мина – „Ти си Божји дар за мојата насмевка“

Ќерката на актерката Весна Петрушевска, Мина, која извесен период живее во Дубаи, наполни 21 година. Иако првично планирале роденденот да го прослават на патување, Весна, Мина и нејзината мајка Сашка Петрушевска сепак одлучиле овој значаен ден да го минат во Скопје – во кругот на најблиските.
Трите генерации од семејството го одбележале убавиот повод во италијански ресторан во главниот град, во друштво на миленичето на Весна, кучето Минки, кое неодамна доби количка за прошетки.
Весна сподели фотографии и видео составено од повеќе снимки, а во описот напиша емотивна порака до својата ќерка: „Имавме планови да се шетаме за овој роденден, но најважно ни беше да сме трите заедно.
Минче, пиле мое, среќен 21 роденден! Ти навистина си пример како едно девојче треба да се бори и да се избори. Мина, ти си цар. Ти си сонце кое ја чуваш баба, ти си Божји дар за мојата насмевка и светлина која чекори“.
Во видеото, Весна како наратор се обрати со зборовите: „Мина денес наполни 21 година. Се познаваме точно 20 години и три месеци. Имаше само девет месеци и четири и пол килограми. После сите битки, после сите страшни работи, денес Минче студира, а јас сум најсреќен човек на свет“.
Инаку, Весна Петрушевска во изминатиот период помина низ серија операции поради рак на дојка, а минатата година се соочи и со здравствен предизвик на нејзината ќерка. Токму затоа, денешните моменти за нив имаат посебна тежина – исполнети со љубов, благодарност и семејна топлина.
View this post on Instagram



