CelebrityНаши ѕвезди

Весна Петрушевска до Аца Лукас – како дозволуваш Македонците да се нарекуваат „телетабиси“, твојот менаџер е невоспитан?! (видео)

Advertisement

Актерката Весна Петрушевска преку својот Фејсбук објави видео-порака насочена кон менаџерот на српскиот пејач Аца Лукас, Саша Мирковиќ, откако пејачот пред неколку дена беше уапсен во Кавадарци.

За потсетување. настапот на Лукас бил прекинат нешто по полноќ, а полицијата го одвела поради наводен настап без соодветна дозвола.

Advertisement

Во видеото, Петрушевска ги повика македонските граѓани да размислат:

-Дали не ви смета што … менаџерот на Лукаc, Саша Мирковиќ, ја нарече македонската нација „телетабиси“? Како не ти е срам? – прашува актерката.

Таа истакнува дека постојат институции кои треба да реагираат на вакви навреди, дека тоа не е само личен став, туку е прашање на јавна одговорност и достоинство.

„На што личи ваквото однесување, ти си невоспитен, срамота“, продолжува Петрушевска во пораката, нагласувајќи дека употребата на вакви етикети („телетабиси“) не само што се навредливи, туку може да ги поттикне поделбите и нетрпеливоста меѓу граѓаните.

Според Петрушевска, ова не е само проблем на естрадата, туку и јавен проблем што бара внимателна интервенција од надлежните институции, за да се спречи ширење на говор на омраза и стереотипи.

Инаку, апсењето на Аца Лукас, според официјалното соопштение на МВР, било извршено бидејќи пејачот настапувал без валидна работна дозвола, според член 217 од Законот за странци.

Целото видео од Петрушевска може да го проследите на овој линк.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button