NEWSВести

Вештачката интелигенција бара повеќе пари отколку што има светот, вели Дојче Банк

Advertisement

Откако Нвидиа инвестираше 100 милијарди долари во ОпенАИ, се чини дека парите бесконечно течат кон вештачката интелигенција. Економисти од Дојче банк и од Вол стрит предупредуваат дека актуелниот глобален бум на ВИ е неодржлив, освен ако развојот на новата технологија не ја следат инвестиции по „параболична линија“.

Анализи покажуваат дека фалат уште 800 милијарди долари.

Advertisement

Внатрешно истражување на Дојче банк укажува дека капиталните инвестиции во вештачката интелигенција се толку големи што ги спасуваат САД да не влезат во рецесија. Во белешките се предупредува дека сегашниот бум на технологијата „веројатно не е одржлив на подолг рок“.

Анализа на фирмата Bain & Co. покажува дека околу половина од добивките на берзанскиот индекс S&P 500 оваа година се поттикнати од технолошките акции, но и проценува дека се создава дупка од 800 милијарди долари во приходите потребни за финансирање на инфраструктурата за понатамошен развој на компјутерската технологија со ВИ.

„Вештачката интелигенција нема да може да генерира доволно приходи за да ја одржи компјутерската моќ што ѝ е потребна за да ја изгради. Потребен е годишен приход од 2.000 милијарди долари за да се финансира компјутерската инфраструктура за да се задоволи очекуваната побарувачка за ВИ до 2030 година. Дури и со заштедите, на светот сè уште му недостасуваат 800 милијарди долари за да го одржи чекорот со побарувачката“, се вели во извештајот.

Advertisement

Голдман Сакс објави оптимистички прогнози дека зголемувањето на продуктивноста поради примената на ВИ ќе го зголеми БДП на САД за околу 0,4% во следните неколку години, односно кумулативно за 1,5%.

– Откако ќе биде широко усвоена ВИ ќе им овозможи на работниците и фирмите да произведуваат повеќе, што ќе го зголеми растот, порачува Мануел Абекасис од Голдман Сакс.

39 отсто од Европејците би прифатиле консултација со ВИ наместо со лекар

Поддржувачите на AI во здравството наведуваат дека дигиталните системи нудат брзи и објективни информации, а дел од испитаниците дури се чувствуваат посигурни кога споделуваат лични здравствени податоци со виртуелен интерфејс отколку со човек.

Според извештајот, на вештачка интелигенција најмногу би се обратиле и 56% од Унгарците, 55% од Чесите и 54% од Словаците.

Сепак, 52% од Европејците остануваат неутрални, а главна причина за избегнување консултации со AI е недовербата во точноста на медицинските совети. Тоа го наведуваат 61% од Ирците, 60% од Швеѓаните и Португалците, 59% од Казахстанците, 58% од Данците.

Загриженост за тоа дека личните податоци би можеле да бидат злоупотребени изразиле 25% од Ирците, 24% од Британците, 22% од Французите и Германците, додека во Србија тоа го сметаат проблем само 8% од испитаниците.

Иако AI добива се повеќе поддржувачи, најголем дел од граѓаните и понатаму најмногу му веруваат на својот избран матичен лекар и здравствените работници. Според истражувањето, лицата над 55 години и оние со добро физичко здравје значително повеќе имаат доверба во лекарите, додека помладите генерации се потпираат на здравствени инфлуенсери и на вештачката интелигенција.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button