Веселба во домовите на Росана и Маријана – песни и нежни пораки одекнаа до Австралија (видео)
Росана Сариќ Тодоровска и Маријана Новачевска денес имаат убава причина за прослава.
Имено, двете сестри-близначки го прославуваат својот јубилеен 60 роденден, за жал, не под еден покрив. Но, затоа Росана ја „скрши“ далечината и ѝ испрати нежна порака на Маријана која живее во Австралија.
„Среќен роденден сестро, среќен роденден душо моја. Се најубаво од срце ти посакувам. Млади сме, ти 60, јас 60, 120, не е лошо. Да си ми жива и здрава, те сакам од овде, па до небото и назад“, ѝ порача Росана на сестра си.
Потоа, следуваше песна и танцување.
Росана се дотера за оваа прилика во фустан со леопард-принт, кој дополнително го украси со цветен брош. Навистина изгледа прекрасно.
Забавата секако не поминува без роденденска торта, која е украсена со бројот 60, многу музика и весели лица.
Среќен роденден Маријана и Росана.