MAMAВиралноДом и семејство

Верувате во евтина венчаница нарачана онлајн? Оваа полничка мајка се осмели ѝ блесна како кралица, ги замолче сите!

Венчаница нарачана онлајн го „запали“ Интернетот.  Една мајка блесна како принцеза во венчален фустан за само 106 евра.

Advertisement

Видеото веднаш стана вирален хит: илјадници се во неверување, како е можно бајковита венчаница да чини помалку од чевли за невестата?

Тавија, мајка на три деца со потекло од Јамајка, преку ноќ стана вирален феномен откако откри дека нејзината спектакуларна венчаница, која изгледа како да е купена од најскапите модни куќи, ја купила на Shein.

Advertisement

На видеата од венчавката што ги објави на Тик ток, таа се појавува како вистинска принцеза, а приказната за нејзиниот избор освои стотици илјади љубители на модата ширум светот.

Она што ги запали социјалните мрежи не беше само изгледот на фустанот, туку у неговата цена.

„Кога се мажев пред девет години, најевтиниот фустан што ми се допадна чинеше меѓу 930 и 1300 евра,“ раскажува Тавија.

Овојпат, одлучила да побара попристапна опција, и останала шокирана кога открила дека Шеин продава венчаници.

@lifewithtavia

9 years 🥹🥹 it’s flying baby! Happy anniversary my love- I’d choose you again and again and again!!! 💕🥂#lifewithtavia

♬ original sound – Key 🔑

Потоа се случила вистинска сензација. Тавија пронашла раскошен модел на венчаница за само 106 евра.
Венчаницата е богато украсена со флорален вез, повеќеслоен тил и елегантно деколте, а резултатот, според неа, бил над сите очекувања.

„Искрено, воодушевена сум како испадна. Ги надмина сите мои замисли,“ вели Тавија. „Сакав да изгледам како принцеза, и успеав.“

Корисниците на социјалната мрежа побудалеа: „Ова не е од Шеин, нема шанси!“

Видеоснимката собра повеќе од 600.000 прегледи за три дена, а коментарите се нижат еденподруг, сите со комплименти.

„Ш-ш-ШЕИН?“ – праша еден изненаден корисник.
„Сигурна ли си дека е од таму? Изгледа неверојатно,“ додаде друг.

Многумина истакнаа дека скапата венчаница не гарантира подобар изглед.

„Ако фустанот не е екстремно едноставен, просечен човек не може да разликува скапа венчаница од евтина,“ напиша една корисничка.

Други жени кои го купиле истиот модел се јавија во коментарите:

„Фустанот е преубав. Квалитетот на материјалот, украсите и чипката е врвен,“ напиша една невеста.
„Апсолутно фантастичен! Надмина сè што очекував. Едвај чекам да го облечам на мојот ден,“ додаде друга.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button