Повторно се прошета во фустан кој со својот крој го истакнува нејзиното сензуално тело
Софија Вергара повторно во секси креација на црвениот килим
Познатата 45 годишна колумбиска актерка се прошета во фустан од тантела со кој го украде шоуто на црвениот килим. Таа на премиерата на анимираниот филм „The Emoji Movie “ носеше креација со која го истакна нејзиното препознатливо тело во форма на песочен часовник. Станува збор за преубава креација на бразилската дизајнерка Марта Медерос со асиметричен крој во долниот дел кој дополнително ги истакна женствените облини на актерката.
Инаку, Софи внимание привлече и со нејзините шишки со кои предизвика поделени реакции кај нејзините обожаватели, а целиот look беше заокружен со впечатлив црвен кармин и преубави црни сандали со опасни високи потпетици.
На следната страна можете да видите уште едно нејзино секси издание …