Вера Мештеровиќ: „Одредени дами ургираа да не ме земат за водителка“
Кои жени се кучки?
Во денешно време какви жени успеваат, тоа е за серизно истражување.
Меѓу другото, за тоа се зборува во новата емисија на Снеже Велков.
-Пред да станам водителка одредени дами ургираа да дојдат на моето место, од типот земи ме мене не Вера. Се користеа со разни начини за да дојдат таму каде сум јас – ова беше изјавата на Вера Мештеровиќ после прашањето на водителката Снеже Велков дали имала предизвици кога ја сменила професијата.
Темата на епизодата беше – дали самостојна жена е привилегија или пак, е предизвик, на што гостинките си дадоа свое видување и свои заклучоци.
Калтрина кажа дека за неа е предизвик да биде и професорка и инфлуенсер бидејки се соочува со коментари дека тие двете не одат заедно, на прашањето пак дали жената за да успее треба да се држи до фустаните и сукњите дамите се согласија дека ставот е поважен од облеката:
Дина Муцунцка сопственичката на Хотел Манастир рече дека: Ако јас со ставот им кажам за што сум тука, тогаш сукњата колку сака нека е кратка.
Интересни беа и коментарите на тоа дали жена полесно ќе успее со или без партер на што Вера беше децидна дека жената може да успее самостојно, Дина одговори дека е поубаво да имаш партнер за да си делите и добро и лошо, а Весна се надоврза укажувајќи дека мажот мора да биде поддршка, а не трето дете или терет…
На крајот заклучокот остави многу за размислување: Какви жени успеваат денес, а наспроти одговорите на Вера, Калтрина и Весна дека успеваат храбрите и упорните Дина нагласи: Во денешно време какви жени успеваат, тоа е за серизно истражување!
А за тоа кои жени се кучки, а која жена е „жена змај“ гледајте на линкот во продолжение.