A Venus Fly Trap во живо на Канал 103
„Во рамките на серијалот Ако никој не свири… во живо на Стотројка, оваа недела од глувата соба на Канал 103 ќе се претстават A Venus Fly Trap.“
А Venus Fly Trap е нов македонски бенд, чии што членови имаат повеќегодишно искуство во најразлични бендови и проекти.
Под влијание на фанк, гараж рок, панк рок, пост панк, електро, синт поп, па дури и хип хоп, овие четворица момци потпомогнати од ритам машина, создаваат свеж звук, со текстови кои се критички поглед како за најблиската околина, така и за ситуацијата на светот денес и низ историјата.
Составот го сочинуваат Александар Савовски-вокал и гитара, Петар Паневски на бас, Горан Стојчевски на клавијатури, ритам машина и вокали и Саше Паневски- вокал.
Концертот ќе може да се следи и преку интернет на:
www.kanal103.com.mk
http://www.myspace.com/avenusflytrap
контакт: [email protected]