Секоја девојка уште како мала сонувала на денот на својата венчавка да изгледа како принцеза, а кога ќе ја видите оваа венчаница, ќе сфатите дека соништата на некои невести навистина се остваруваат.
Секоја девојка уште како мала сонувала на денот на својата венчавка да изгледа како принцеза, а кога ќе ја видите оваа венчаница, ќе сфатите дека соништата на некои невести навистина се остваруваат. Многу невести за својата венчаница бараат инспирација на социјалните мрежи како што се Инстаграм, Пинтерест и Фејсбук, а една венчаница привлекла особено внимание затоа што била прегледана повеќе од 2,5 милиони пати.
Се работи за венчаницата „Hollie 2.0“ и е дело на австралискиот бренд „Grace love slace“. Уникатната венчаница е вистинско елегантно ремек-дело, а е направена од италијанска свила и француска чипка. Чипката е во тело, а лентите од шифон се мрдаат кога невестата оди и нежно ја откриваат кожата.
Оваа венчаница е многу пријатна и најмногу им одговара на невестите кои за својата венчавка избираат некоја егзотична дестинација. Цената се движи околу 1.900 долари, но ова може да ви послужи како вистински модел за вашата кројачка да ви направи нешто слично!