Претпоставуваме дека веќе ви се познати венчаниците со долги ракави, а некои од највпечатливите ги носеа и принцезата Грејс Кели, војвотката Кејт Мидлтон, а меѓу последните и манекенката Миранда Кер.
Многу девојки ги интересираат новитетот во светот на невестите. Тоа посебно важи за венчаниците кои се главна ѕвезда на секоја венчавка, а според најпознатите модни магазини во светот во 2018 година ќе доминира еден тренд. Станува збор за венчаниците со долги ракави, а некои од највпечатливите модели веќе ги носеа и принцезата Грејс Кели, војвотката Кејт Мидлтон, а меѓу последните и манекенката Миранда Кер.
И покрај тоа што и тие се убави, во 2018 година сé ќе се врти околу стејтмент ракавите, а некои од водечките дизајнерски имиња во светот на венчаниците веќе го прифатија овој тренд, како што се Reem Acra и Galia Lahav.
Покрај ракавите од тантела кои секогаш се добар избор, следната година ќе се нагледаме и разни други опции, а некои ракави дури изгледаат и како ангелски крилја. Како и да е, тие мораат да се издвојуваат, а ваше е да изберете што е она што ви се допаѓа најмногу.
Фото: Принтскрин/Инстаграм