Познатите хај стрит брендови полека но сигурно го освојуваат пазарот со венчаници по ниски цени и прашање само на време е кога ќе пристигнат и кај нас.
Во рамките на својата годишна H&M Conscious колекција, познатиот шведски моден гигант воведе и „bridal“ колекција која им е посветена на идните невести. Колекцијата е направена од најфини рециклирани материјали, а оваа година заштитно лице е прекрасната Џулија Рестон Ројтфилд, ќерка на Карин Ројтфилд.
Венчаниците се преставени во три силуети со цени од 199 до 499 евра, а направени се од тантела и интересни, но не премногу впечатливи детали. Тие сега за сега можат да се пронајдат само во некои одбрани продавници, а ако судиме според позитивните коментари и критиките, ова е вистински чекор во вистинско време.
И додека цените на венчаниците паѓаат, интересно е дека големите модни империи посветија внимание на тренерките, а меѓу нив се истакнуваат моделите на Chloe и JW Anderson со нивните модели за кои ви се потребни и по неколку илјади евра.
види повеќе » |