Реклама
Холивуд

Меган во венчаница од неверојатни 400.000 долари и со дијамантска тијара му се заколна на вечна љубов на принцот Хари

Реклама

Принцот Хари и Меган Маркл се венчаа денес во капелата во дворецот во Виндзор, а преку малите екрани церемонијата ја следеа стотици милиони луѓе од целиот свет.

Според првичните информации, а како што пренесуваат странските медиуми, цената на венчаницата е 400.000 долари, а од кралското семејство појаснуваат дека можеби звучи прескапо, но станува збор за венчавка на годината и во неа се вложени стотина часови рачна изработка.

Маркетинг

Фустанот е со потписот на британската дизајнерка Клер Вејт Келер, а инспирирана е од венчаницата што ја носеше кралицата Елизабета II кога во 1947 година се омажи за Филип, војводата од Единбург.

Маркетинг

Инаку, Вејт Келер минатата година стана првата жена директор во престижната француска модна куќа „Живанши“.

Дијамантската тијара што ја носеше Меган е стара преку 125 години

Прстенот на Меган е изработен од велшко злато и е поклон од англиската кралица Елизабета II, додека прстенот на принцот е изработен од платина. И двата прстени се направени во лондонската златара „Клив енд компани“ која го изработи и свршеничкиот прстен на Меган Маркл.

 

Дијамантска тијара што Меган ја носеше на венчавката беше наменета за кралицата Мери која е крунисана заедно со сопругот кралот Џорџ V во 1911 година.

Тијарата во наследство ја има добиено кралицата Елизабета II, бабата на младоженецот, принцот Хари, која во своите заклучени трезори чува стотици тијари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button