Реклама
MAMAРецепти

Велигденски десерт за вашата празнична трпеза (Рецепт)

Реклама

Се ближи велигден, еден од најубавите празници во годината кој го поминуваме со своето семејство. Сигурно веќе ја имате испланирано велигденската трпеза, а ако ви недостасува десерт, тогаш ви го прикажуваме овие миризливи колачиња кои ќе ви помогнат да создадете прекрасна празнична атмосфера.

ФОТО: joyofbaking.com

Потребни состојки:

  • 1 килограм брашно
  • 3 јајца
  • 2 жолчки
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • кора од 3 рендани портокали и 1 лимон
  • 100 милилитри масло
  • 150 грама путер
  • 1 свеж квасец
  • 500 милилитри млеко
  • малку сол

Начин на подготовка: Затоплете 100 милилитри млеко во еден сад, а потоа во истиот додадете 1 лажичка шеќер и 1 брашно. Добро промешајте па додајте го свежиот квасец и оставете го да нарасне. Брашното ставете го во подлабок сад. Размешајте 3 цели јајца и 2 жолчки од јајце додека не се добиете пенеста смеса, а потоа додајте шеќер, ванилин шеќер и повторно измешајте додека смесата не стане хомогена и шеќерните кристали не се растопат. Потоа додадете ја ренданата кора од портокал и лимон, промешајте.

На тивок оган стопете го путерот и маслото. Додадете ја и смесата од јајца и шеќер во брашното и измешајте нежно, а потоа истурете ја маснотијата со постојано мешање. Додајте прстофат сол и надојдениот квасец, измешајте повторно и започнете да го додавате млекото со постојано мешање.

Маркетинг

Потоа покријте го тестото и оставете го на топло, додека не нарасне добро. Откако ќе биде готово, поделете го на 4 еднакви топчиња и од секое направете мали топчиња. Ставете ги во тава за печење и оставете ги да нараснат. Потоа загрејте ја рерната на околу 150 степени и обликуваните топчиња исечете ги со остри ножици од средина кон краевите, со тоа што ќе имаат пресеци од околу 6 сантиметри. Печете околу 30-тина минути.

Додека се печат колачињата, направете сируп од 100 милилитри вода и 1 лажичка шеќер. Откако ќе се испечат колачињата, извадете ги и премачкајте ги со сируп, па ставете им шеќер. Така направените колачиња ставете ги во рерна уште околу 10 минути. Добар апетит!

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button