Велигден е тука, но нашите деца ги нема – потресна порака на мајка од Кочани

На официјалната страна на Фејсбук „Кочани“ беше споделена објава, статус на една мајка на загинато дете во трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Велигденските празници се време кога сите сакаме да бидеме со нашите најблиски да поминеме едно спокојно и убавво време, но како ли им е на овие луѓе коиѓто пред еден месец ги загибија своите деца, Овој празник ќе го поминат со голема болка и тага по нивните чеда. И сите следни празници ќе бидат за нив празни.
Јулија Златкова е мајка којашто тагата ја сподели преку зборови јавно пишувајќи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотуку родени дечиња…Кој сега ќе се радува на нив? Некои од децата не дочекаа полнолетство, некои не дочекаа матура, некои требаше да дипломираат и да станат академски граѓани кои ќе работат чесно како што ги учеле нивните семејства… – пишува Златкова.
Advertisement
Таа додава дека единствено што им преостана е да одат на гробишта.
Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее , да дочекаш уште еден Велигден со него…Еве ќе ви кажеме, живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие фалат дома …

Златкова е гневна, лута и бесна за тоа што поради пари денес креветот на нејзиното дете е празен.
Ќе се навршат уште малку 40 дена, 40 црни денови без нашите сонца, без нашите анѓели чии кревети од тој ден останаа празни, а нашите срца и души засекогаш завиени во црнило…
Времето поминува, но правдата како што се чини нема изгледи дека ќе излезе на виделина…
Зарем немате ни малку човечност во вашите души???
Зарем толку сте ефтини што со пари се купувате???Ееееј вие убијци на нашите деца!!!
Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност? Со нивните штотуку расцветани животи? Вие сте дно на дното!!! Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек… Вие ги убивте нашите деца!!! Ееее убијци, многу од вас се исто толку виновни како и сопственикот на Пулс-монструм, почнувајќи од премиер, министри, разно- разни инспектори, па се до обичните полицајци, сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!! Срамота!!! Бедни сте, ситни души кои за проклети пари на душа ќе ги носите нашите убиени и многу повредени деца! На душа…само што вие душа немате…

Додава дека борбата на родителите продолжува.
Затоа Ви кажуваме, дека ние родителите и блиските на нашите починати чеда, ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…и се надеваме дека на крај нема да останеме единствено само ние, доколку на нашите сограѓани им досади да не следат нас, кои ја бараме правдата за нашите убиени чеда …Но ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16.март , бидејќи ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит…….
Правдата мора да излезе на виделина!
