Велигден далеку од метежот – откривме рај крај Охридското Езеро што нуди спокој, убавини, спа и духовно доживување какво што ретко се наоѓа!
Оваа Велигденска сезона подарете си мир, природа и духовност. Наша препорака е хотелот Дишли во Радожда – таму каде што празникот добива вистинска смисла.

Ако оваа година сакате Велигден да го доживеете поинаку – подалеку од градскиот метеж, во природа, со мир, топлина и духовност – тогаш струшкото село Радожда е идеалниот избор.

Сместен на самиот брег на Охридското Езеро, во едно од најживописните краишта на Струшкиот Регион, хотелот Дишли нуди уникатно искуство кое спојува релаксација, духовност и природна убавина.
Advertisement
Совршена локација – чекор до езерото, блиску до духовниот спокој

Селото Радожда се наоѓа само 10 километри од Струга и 26 километри од Охрид. Хотелот е опкружен со автентична шума и се простира веднаш до езерото, нудејќи гостопримство во мирна и сончева атмосфера – со над 250 сончеви денови годишно. Од терасите, погледот на езерото е едноставно волшебен.


Само неколку минути возење ве делат од манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во блиското село Калишта – едно од најсветите места во земјата.
Токму таму можете да присуствувате на вечерната велигденска литургија што ја води отец Санџаковски – искуство што остава длабок духовен печат.
Advertisement
Спа, мир и вкусна храна со поглед на езерото
Хотел Дишли располага со модерни, пространи соби, некои и со балкони со поглед кон езерото. Во понудата се вклучени и велнес содржини – финска и турска сауна, надворешен базен со поглед на Охридско Езеро и приватна плажа.



Во ресторанот, сместен во стаклен простор со панорамски поглед, може да уживате во автентична македонска кујна и специјалитети од риба, придружени со традиционално струшко макало. Идеално за празничен ручек со најблиските!


Истражете и доживејте: Пештерна цркви и шармантниот вкус на рестораните
Во близина на Дишли е и пештерната црква „Свети Архангел Михаил“ – едно вистинско уметничко и духовно богатство. Со фрески од 13 и 14 век, ова светилиште нуди ретко доживување за љубителите на историја и култура.
За љубителите на добрата храна – изборот е прилично голем. Селото Радожда е прочуено по свежа риба, одлично подготвена која се нуди во бројните ресторани нанижани едендодруг на крајбрежјето.

За љубителите на природата пак, достапни се пешачки и велосипедски патеки, а езерото е идеално и за едноставно уживање во тишината и звуците на природата.