Наши ѕвезди

Велигден без него боли – тажна порака на сопругата на музичарот од ДНК што загина во пожарот во Кочани

„Боли секој нов ден, боли овој Велигден. Ти праќам молитва испишана со солзи за да знаеш колку многу болиш. Посакувам да воскресне животот зашто по тебе, не знам ова живот ли е…“

Advertisement

Боли секојдневието без тебе…

Помина нешто повеќе од месец дена од страшната несреќа што се случи во Кочани кога загинаа 62 млади лица.

Advertisement

Меѓу загинатите се и осум членови на бендот ДНК, така што семејствата на сите жртви овој Велигден го дочекаа со тага.

Принтскрин

Една од нив е и Маја, сопругата на гитаристот Алекандар Коларов од Штип, која се огласи со тажна порака на својот Фејсбук профил.

Advertisement

Таа сподели фотографија на која се гледа слика од нејзиниот сакан и неколку велигденски јајца, како и запалена свеќа.

„Деновиве видов толку многу фотографии, насмеани лица, веселба… Животот продолжи. Велигден е радост! Празникот на кој се радував отсекогаш… А сега? Првиот празник без тебе. Првиот мој тажен Велигден. Единствено ми остана радоста што те имав во мојот живот и што ја имам твојата насмевка истетовирано на срцето, што имам толку многу спомени со тебе за уште еден живот цел.“

Фејсбук/ Маја Р. Крстевска

„Боли секој нов ден, боли овој Велигден. Ти праќам молитва испишана со солзи за да знаеш колку многу болиш. Посакувам да воскресне животот зашто по тебе, не знам ова живот ли е…“

Фејсбук/ Маја Р. Крстевска

„Мојата велигденска фотографија си ТИ! И секогаш ќе бидеш – ТИ! 🤍 Христос воскресна!“, напиша Маја во описот на фотографијата што ја сподели во спомен на сојот сакан чиј живот згасна прерано.

Фејсбук/ Маја Р. Крстевска

Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи на 16 март во дискотеката Пулс во Кочани згаснаа 62 млади животи.

Шестмина од нив се уште беа деца, а речиси 200 лица беа повредени од кои голем дел се уште се наоѓаат во болници.

Пожарот настана во неделата на 16 март околу 2.30 часот по полноќ, на концерт на ДНК, група од која во пожарот загинаа осум членови.

Принтскрин

Поддржи го Кочани

По големата трагедија, група млади лица од Кочани се организираа и ја започнаа иницијативата Support Kocani, преку која собираат средства за семејствата на сите што се погодени од несреќата што се случи во нивниот град.

Тие работат транспарентно и парите што се уплаќаат преку нивната платформа одат директно на сметките на семејствата.

Сите оние што се во можност и сакаат да им помогнат на овие семејства, тоа можат да го направат и преку нивната официјална интернет страна „Support Kocani“ (кликни тука), а што велат претставниците на оваа иницијатива и кои се нивните планови, погледнете во продолжение…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button