Најголемата божикна пештера во регионот вечерва е поставена на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Ова ќе собере бројни туристи верници во главниот град коишто ќе сакаат да ја видат и да се фотографираат.
Од здружението „Бадникови поворки“ на социјалните мрежи објавија видео од процеот како изгледаше поставувањето на пештерата која традиционално низ годините се изложуваше во дворот на Соборниот храм Св.Климент Охридски.
Најпрво пристигна возило со приколка, каде што беа сместени огромните делови од кои се состои ова совршено дело.
Околу дестина мажи неколку часа ги вадеа од автомобилот тешките делови и ја составуваа пештерата.
Во продолжение ви го пренесуваме официјалното соопштение од здружението.
На плоштадот Македонија поставена е највеличествената Божиќна пештера во регионот
Драги наши сограѓани,
Со посебна радост, ве известуваме дека на плоштадот Македонија е поставена највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот.
Ова ремек дело, кое плени со својата возвишена естетика, претставува можност за сите нас автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање.
Дојдете заедно да се израдуваме, понесете ги вашите најмили, мали и големи, млади и возрасни, та сите да уживаме во оваа прекрасна глетка, која ги топли нашите души.
Да ја пренесеме божиќната радост во сечие срце и во секој дом!
Ви посакуваме топли празнични моменти и ве очекуваме на Плоштадот Македонија! ✨
Во искечување на новата песна од „Бадникови поворки“ за оваа година да се постетиме на популарната „Вечниот бог“.