Наши ѕвездиСтил

Нашата фолк-пејачка се пофали со лукс чанта што вреди богатство – илјадници евра за овие детали?

Едно интересно издание на нашата пејачка

Advertisement

Изгледа атрактивно, ама и поприлично скапо…

Не е тајна дека многу наши ѕвезди во своите плакари имаат парчиња кои вредат цело богатство, за што сведочи и оваа наша фолк-дива.

Advertisement

Имено, на една фан страница на Инстаграм посветена на фолк-пејачката Елена Велевска деновиве исплива една нејзина постара фотографија, но која е актуелна и денес заради нејзиниот стајлинг.

Инстаграм/ Елена Велевска

Станува збор за „патувачка“ комбинација, но која открива дека Елена сака скапи и луксузни чанти, но и дека има цела колекција.

Advertisement

Овој пат во прашање се два модели од познатиот моден бренд Луј Витон кој им е омилен на многу познати светски дами.

Инстаграм/ Елена Велевска

Повеќе од очигледно е дека чантите од овој бренд ги обожава и Елена, па затоа и не жали пари кога станува збор за овој детаљ.

Жените трошат илјадници евра за овие детали

Имено, чантите се задолжителен дел на секој впечатлив аутфит, а Елена како и многу други дами, негува посебна љубов кон нив.

Инстаграм/ Елена Велевска

Овој пат во прашање се два култни модели од овој бренд, од кои само едниот може да чини и неколку илјади евра.

Цената зависи од моделот, но и од дизајнот а во некои продавници овие чанти и на старо се продаваат за „солена“ сума на пари.

Покрај овие модели, нашата пејачка може да се пофали и со многу други скапи чанти што ги има во својата колекција, а во продолжение погледнете ги и цените на некои од поновите моделите на овој луксузен бренд што го обожаваат и светските ѕвезди.

Принтскрин

Принтскрин

Принтскрин

Принтскрин

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button