Реклама
Стил

Нашата позната пејачка има три деца, а во костим за капење изгледа брутално, посебно кога носи „гол“ модел

Еве зошто девојките го обожаваат овој костим за капење

Реклама

Пејачката Елена Велевска во едно од најубавите изданија

Познатата фолк-пејачка Елена Велевска ова лето има голем број настапи како во Македонија, така и надвор во дијаспората.

Таа постојано патува, но и го користи секој слободен момент за да се одмори и да собере енергија за претстојните обврски.

Маркетинг

Впрочем тоа можеме да го видиме и од социјалните мрежи каде преку своите објави споделува најразлични моменти од своето секојдневие.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Пејачката овој пат објави фотографија на која изгледа среќно и задоволно, а во центарот на вниманието беше нејзиното тело.

Имено, Велевска позираше во костим за капење, со што посебно ги израдува претставниците на посилниот пол меѓу фановите.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Но покрај мажите, од ова издание на пејачката беа воодушевени и многу жени, и тоа посебно заради еден детаљ.

Најпопуларен тренд на Инстаграм

Станува збор за бојата на костимот за капење што Елена го носи која веќе неколку сезони е вистински тренд меѓу познатите.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Моделите во боја на кожа, односно костимите за капење во „nude“, беж нијанса веќе подолго време владеат на Инстаграм.

Тие заради својата боја речиси се вклопуваат со бојата на телото и даваат впечаток како ништо да не носите на себе.

Фото: Инстаграм/ Елена Велевска

Елена која е мајка на три деца и оваа година треба да наполни 43 години, во овој модел покажа дека ѝ е удобно во нејзината кожа и дека е жена која изгледа неверојатно во едно вакво летно издание.

Пинтерест

Најдобрите „nude“ костими за капење

Кога станува збор за ваквите костими за капење, не заборавајте дека природниот изглед секогаш е во мода, но и дека не постои подобар начин да ја нагласите убавината на вашата кожа.

Пинтерест

Треба само да внимавате при изборот на ваквите костими за капење да биде една или две нијанси потемен или посветол од вашата природна кожа бидејќи во спротивно нема да дојде до израз.

Пинтерест

Пинтерест

Пинтерест

Пинтерест

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button