Наши ѕвезди

Велешанецот ги изненади сите во „Ѕвездите на Гранд“ – шокирана беше и Цеца, ова НЕ го очекуваше

Минатата година не доби ниту еден глас, а сега се појави на сцената и го украде шоуто

Advertisement

Во бекстејџот беше и неговата вереница

Иван Милевски претходната сезона не доби ниту еден глас, но затоа овој пат никого не остави рамнодушен.

Advertisement

Имено, шармантниот велешанец претходниот пат настапи со песна од Тоше Проески, но тогаш доби критики како од Марија Шерифовиќ, така и од нејзиниот колега, Драган Стојковиќ Босанац.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но затоа Иван овој пат растури на сцената, а за своја менторка ја избра Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тој доби седум гласови од жирито, а пресреќна беше и неговата вереница која беше во бекстејџот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Искрен да бидам ги очекував овие седум гласови. Минатата година немав ниту еден глас, тогаш не беше задолжително жирито да даде глас и никој не гласаше за мене, откри велешанецот по својот настап.
Ова ги шокираше останатите во студиото, а на прашањето на Цеца како се случило тоа, Иван објасни дека згрешил со изборот на песни, односно се преставил со нешто што не му лежи баш најдобро.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но затоа 26-годишниот Иван овој пат ги воодушеви сите, а од Цеца и Сања Вучиќ доби само позитивни коментари.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Беше шармантен и енергичен, за пеењето нема потреба да полемизираме“, беше ставот на Вучиќ.

Иван, имаш сјаен вокал, чист, убава дикција. Многу ми се допаѓа, убаво изгледаш, убаво момче си, драго ми е што си од Македонија, вие растурате. Браво, изјави Дара Бубарара, а сличен став имаше и Катарина Живковиќ која прв пат се најде во улога на жири во оваа емисија.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Исполнетоста на твојот глас и насмевката се нешто што разоружуваат, сјаен си и ти држам стиснати палци, му порача Катарина .

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Иван потоа ја избра за менторка Цеца, која му порача:

„Добредојде во мојот победнички тим“.

Претходната сезона немаше ниту еден глас!

Потсетуваме, Иван во претходната сезона кога се натпреваруваше иако избра една од најубавите песни од Тоше Проески, „Тајно моја“. Тогаш од Марија Шерифовиќ најпрво доби паник-тастер, по што следуваше и нејзиниот потполно ироничен коментар.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Прво Тоше, па Само Боб, па втората песна ја испеа и малку на оперски начин, и да ни покажеш сé, како растураш“, беше иронична Марија.

На истиот начин тогаш и Босанац го коментираше настапот на Иван, прашувајќи го зарем нема некој друг освен Тоше да го изберат.

„Ти си премногу паметен. Ти убаво направи интрига, сега ќе се дискутира за тебе, немаме никој од Македонија, ќе поминеш најверојатно во бараж и ете. Ма дај жити мајка, имате ли вие некој друг освен Тоше да пеете? Тој навистина беше бисер, злато македонско, па не мора секој да го пее него“ го коментираше тогаш Босанац по настапот на велешанецот.

Повеќе за овој настап на Иван потсетете се тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button