Ведрана Рудан зборува за смртта, борејќи се со ракот – „смртта е само премин во подрачје без сигнал, побарав еутаназија“
Хрватската писателка Ведрана Рудан се бори со тешка болест, а во последното интервју вели „јас сум бесмртна, а смртта е само премин во подрачје без сигнал“.

Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан во емисијата „Недела во 2“ отворено проговори за својата битка со тешката болест и размислувањата за еутаназија.
„Сакам да кажам дека има многу луѓе кои ме сакаат и дека јас ги сакам нив. И дека сум бесмртна. Нека мојата смрт ја сфатат како заминување во подрачје без сигнал“, изјави Рудан.
Таа откри дека сериозно размислувала за еутаназија во Швајцарија, но на крајот се откажала.
„Не сакам да умирам на рати. Сакам еутаназија. Со години заедно со сопругот одделувавме нешто настрана. Еутаназија чини 17.000 евра. Се јавив, почнавме да комуницираме, ги известив сопругот и децата. Ги испратив наодите, ме прифатија, платив членарина. Потоа побараа уште медицинска документација“, раскажа писателката.
Но, додаде дека со текот на времето сфатила дека веќе нема доволно сила да го реализира тоа.
„Ми рекоа дека 85% од луѓето се откажуваат. Таму ве интервјуираат. Јас сфатив дека ќе треба да поминам некое време таму и дека некој член од конзилиумот може да каже дека можеби има начин да ми се помогне. Изгубив сила во меѓувреме и се откажав“, заклучи Ведрана Рудан.
Погледнете што зборува Ведрана за соочувањето со смртта.
Претходно, гламур.мк пишуваше за соочувањето на Рудан со смртта, кое го претстави во нејзината колумна.
„Умирам. Не е фер ова да се пишува кога имаш онколог, доктор Г. се вика, не смеам да му го споменам презимето. Штета. Се вика како мојата најдрага рипка. Затоа што мислам дека умирам, ете, Г, се исправувам, сакам да бидам поблиску до мојот сопруг. Се ушушкав во него. Гледавме избори“.
Како е да се спознае дека си смртен, дека ти отчукуваат послените часови, дека имаш посебно редок рак кој не простува никому?
Еден од чекорите е влез во онколошката дневна амбуланта во Риека. Штета што многумина од вас сепак никогаш нема да влезат таму, а документарци се снимаат на други теми.
Луѓето кои таму ги сретнав ја срушија мојата теза дека нема добри луѓе. Толку емпатија, љубов, насмевки, нежност, зборувам за млади луѓе кои работат таму, во живот немам толку сретнато и тоа сознание ми го брише стравот од смртта.
Цел живот мислев дека е тешко да се најде добар човек, сега знам дека ги има, дека се близу нас. Не, не, не, не се тие такви кон мене затоа што јас сум Некој, јас знам дека не сум Никој, но некои така не мислат. Кон сите пациенти се исти.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.