Вечерва стартува ретрограден Меркур, безмилосни случки за овие три хороскопски знаци – раскинувања, солзи, откази за нови промени
Планетата на комуникацијата и умот, Меркур, од вечерва започнува свое „повлекување“, но додека одредени знаци ќе се соочат со драматични промени, некои ќе добијат шанса за вистински скок напред.

Почнувајќи од 9 ноември, Меркур влегува во својот ретрограден циклус, состојба кога, од перспектива на Земјата, се чини дека се движи наназад. Во астролошки термини, тоа значи дека областа на комуникацијата, договорите, технологијата и мислите ќе биде подложна на ревизија, застој или пренасочување. Но и повеќе од тоа: додека за многумина овој период носи стрес и непредвидливост, за други може да значи искрен пресек на старото и вистински скок во новото.
Ретроградниот Меркур стартува денес во вечерните часови, а ќе трае до 29 ноември. Сепак, последиците од оваа фаза ќе се чувствуваат до 16 декември 2025.
Advertisement
Кои три знаци ќе доживеат шокантни, но ослободувачки, случки?
Овен
За Овните, оваа фаза ќе биде како да се повикани на фронт за вистинска битка. Некогашните планови што беа базирани на брзи потези ќе се распаднат, ќе се појави неизвесност, ќе се обноват стари комуниакции или пораки кои никој не ги очекувал.
Но токму овде лежи шансата: ќе откриете дека она што го брзавте всушност не било ваш пат, и така ќе се отвори врата кон ново лидерство, нова визија.
За Овните ретроградниот Меркур е прилика за ревизија во која напрегнатата импулсивност се трансформира во стратегија.
Риби
За Рибите, периодот може да донесе сензитивни, но и силни случки – повторни средби со луѓе од минатото, појавување на старо дело, можеби и важна љубовна или креативна пресвртница. Но тоа нема да биде лесно: треба да се справат со стари несигурности и да се избалансираат помеѓу интуиција и реалност.
Рибите можат и треба да извлечат огромен личен раст од овој период, макар и преку груби разделби и солзи.

Лав
За Лавовите, сцената ќе се промени: ќе се појави јавен предизвик или можеби разговор кој ќе ги стави под светло, но не како некоја трагедија, туку како можност. Проект која долго го криеја, идеја коja ја одлагаа, сега ќе стане видлива, но само доколку се подготват да го заменат старото со ново „силно присуство“. Значи, можни се разделби од работа, префрлање на нова работа па дури и остри конфликти и драми со шефовите.
Лавовите ги очекува период во кој ќе можат да ги преобликуваат односите и визуелниот имиџ.
И додека овие три хороскопски знаци ќе поминат низ драматични моменти, некои други знаци ќе бидат оние кои ќе најдат вистинска среќна нишка токму поради ретроградниот Меркур. За нив ова ќе биде време на добивка: информација која доцнеше, контакт кој се враќа, шансa која се буди.
Станува збор за знаците Рак, Овен и Бик.
За сите останати хороскопски знаци, во овој период важи едно правило: забавете, прочитајте двапати, направете чекор назад пред да скокнете напред.



