Вечерва, од 22.15, нова емисија Кафе муабети – кликнете SUBSCRIBE и уживајте со нашата нова гостинка
Вечерва, во 22.15 часот, КАФЕ МУАБЕТИ со Елена Андоновска

Во новата епизода од емисијата „Кафе муабети“ гостинка ни е еминентната македонска пејачка Елена Андоновска. Нејзиното име е поврзано со македонската фолклорна сцена и музиката, а зад нејзиниот шарм и моќен глас се крие животна приказна што никого не остава рамнодушен.
Македонската етно-фолк ѕвезда Елена Андоновска, е гостинка во новата емисија „Кафе муабети“ со водителката Виолета П. Периќ која ќе се емитува вечерва од 22.15 часот, на јутуб каналот на Гламур.
Во емисијата Елена зборува за својот голем солистички концерт „Запеало славеј пиле“ закажан за 15 декември во Македонската опера и балет, но и за нејзиниот живот – од почетоците на нејзината кариера, за првите средби со сопругот кога биле тинејџери и запросувањето, за мајчинството, па се до интимните моменти со семејството и за тоа како изгледа нивниот дом во пресрет на празниците.

Со Елена поразговаравме искрено за бракот, за предвременото породување, но и за љубовта, музиката…
Па, не пропуштајте ја емисијата Кафе муабети, вечерва, во 22.15 часот, на јутуб каналот на Гламур.
Кликнете SUBSRCRIBE и бидете дел од нашат Јутуб заедница >>




