Вечерва нова емисија со нашиот „Министер за естрада“ – конечно ја откривме тајната на чудниот прекар
Вечерва од 22.15 часот нова емисија Кафе муабети
Нашите ѕвезди, во опуштена атмосфера…
Новата емисија Кафе муабети со водителката Виолета П. Периќ ќе се емитува вечерва во 22.15 часот на јутуб каналот на Гламур.
Гостин во ова епизода е Борче Наумовски, естраден уметник кој меѓу колегите е познат и како „Министер за естрада“.

Емисијата може да ја следите на нашиот Јутуб канал (види тука), а може и да се претплатите (бесплатно) на нашиот канал, па во иднина први ќе бидете информирани и за другите емисии.
Нашиот „Министер“ во опуштен разговор раскажува за детали од својот живот и ни открива многу работи од минатото кои досега не сте ги знаеле за него. Зборувавме за неговите почетоци во музиката, за неговиот живот во Австралија, земјата во која што е роден, за неговиот град Битола, за колегите и колешките, за животот како музичар.

„Министерот“ со сопругата славеше сребрена свадба
Инаку, Борче деновиве слави сребрена свадба со сопругата Наташа, со која има три ќерки, за кои исто така зборува во емисијата.
Во премиерата која ќе се емитува вечерва во 22.15 часот на нашиот Јутуб канал ќе откриеме уште многу други животни ситуации и предизвици со кои се соочувал нашиот познат фолк-пејач во текот на својата кариера, како и за големиот јубилеј што го планира за следната година, кога ќе слави три децении музичка кариера.
Емисијата е снимена во опуштена атмосфера во едно кафуле во Скопје, за кое исто така подетално ќе ве информираме.
И секако, не заборавајте да се вклучите во коментарите и да ни кажете која наша ѕвезда од Македонија би сакале да ја видите во некоја од следните епизоди, но и да ни предложите некое интересно место каде го прават највкусното кафенце, па заедно да го посетиме.
Па, ве чекаме, во 22.15 часот, на нашиот Јутуб канал ►►



