Вести

Вечерва небото и земјата се најблиску, соништата се пророчки, молитвите се најчујни – внимавајте на овие работи

Вечерва е ноќ на небесниот војвода, свети Архангел Михаил, најголемито заштитник од злото.

Advertisement

Утре, 21 ноември, православнте верници го слават големиот небесен војвода Свети Архангел Михаил. Тој не е само водач на ангелските војски, туку и духовен заштитник на оние кои бараат правда, мир и заштита од невидливи опасности.

Михаил е и оној што ги води и чува душите на починатите. Најчесто, традицијата го прикажува држејќи меч или сфера, како симбол на светската власт и небесна моќ.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Во народните православни обичаи, Свети Михаил се повикува не само во буквалните битки, туку и во внатрешните борби: страв, сомнежи и духовни искушенија. За многумина, тој е „војник на правдата“, кој им дава сила да не се откажат дури и кога патот е мрачен.

Утрешниот ден не е само за борба, тој е и ден на благодат. Молитвата кон него носи мир, заштита и охрабрување. Најсилно се слуша. А една од најмоќните молитви гласи:

„Господи Боже, Величен и Вечен, испрати го Твојот архангел Михаил над Твојот слуга (си го кажувате името), за да ме сочува и оддалечи од сите видливи и невидливи непријатели. Архангеле Михаил, подари ми мир, сила и вера, и чувај ме од зло.“

Според народните верувања, иконата на Архангел Михаил има огромна духовна сила. Искрената молитва кон него (архангелот) го штити човекот од демони и духовни опасности, а душата останува заштитена дури до последниот здив.

Соништата како духовни пораки

Православното предание поучува дека соништата се деликатен простор. Кога спиеме, душата е подложна и на сопствените мисли, и на влијанијата од духовниот свет.

Ако после вечерниот сон (ноќта кон 21 ноември) се чувствуваме исполнети со радост, мир и желба за молитва, тоа се смета за знак на Божја благодат, како благослов од архангелот.

Сепак, соништата можат да бидат и предупредување. Ако насон видиме непријатни лица, неопределени или темни фигури, ако сонуваме битки или чувствуваме страв во сон, тоа може да е сигнал за духовна опасност.

Ако пак, вечерва сонувате луѓе или дури и ангели кои нудат совет, светлина или чувство на заштита, тоа значи поттик да се приближите поблиску до верата, да ја засилите духовната дисциплина и да мопагате на другите за ваш благослов. Таквите соништа обично оставаат чувство на мир, надеж и смирение.

принтскрин јутјуб

Ако во сонот се јавува вода, тоа често се смета за силен симбол на живот, чистота и духовна трансформација. Мирната, бистра вода е знак на благодат од ахангелот, духовен мир и нови почетоци.

Сепак, ако водата е бујна, темна или преплавувачка, тоа може да биде предупредување за неуреденост во животот, потиснати емоции или духовни искушенија. Такви соништа велат дека треба да се посветиме повеќе на верата, да се менуваме и да одиме на исповед, наместо да се игнорираат предупредувањата.

Ако во сонот се јавува љубов, тоа е еден од најсилните духовни симболи. Секогаш е поврзана со Божјата благодат, како сила што ја отвора душата, носи мир и ги лекува раните на срцето. Сон кој буди чувство на нежност, грижа или длабока радост, се толкува како благослов, потсетник да се љуби ближниот, да се биде смирен и добродетелен, и да се гради хармонија во семејството и заедницата.

Меѓутоа, ако љубовта во сонот носи болка, страв или разочарување, тоа може да биде предупредување. Такви соништа ја откриваат нашата ранлива страна, поттикнуваат на саморефлексија и на испрашување на сопствените чувства и намери.

Православните духовници советуваат да се примаат овие соништа со смирение, да се поттикне молитва за духовна чистота и за исполнување на вистинската љубов, не само емоционална, туку и духовна, како дел од поврзувањето со Бога и ближниот.

принтскрин

Сон со љубов секогаш е знак дека душата е подготвена за духовен раст, за дарување, простување и милосрдие. Таквите соништа потсетуваат дека љубовта е неразделна од верата и молитвата: колку повеќе ја развиваме, толку посилни стануваат нашите духовни врски и заштита од негативни влијанија.

Свети Архангел Михаил нека не биде само уште еден празник. Нека биде момент кога ги повикуваме небесните сили да не заштитат, инспирираат и поведат кон светлина. Секоја молитва, секоја искрена мисла и секој сон може да се претворат во духовна сила која ни помага да го одржиме патот на верата и да го почувствуваме присуството на архангелот во нашите животи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button